Охриѓанец „избегал“ од изолација и претепал 23 годишник

Полицијата го фатила К.М. кој не сакал да биде во изолација.

Вистинска драма се случувала вчера на булеварот „Туристичка“ во Охрид. 33 годишен охриѓанец, ја игнорирал изречената мерка за „изолација“, си седнал во кола и брутално нападнал 23 годишно момче. Според СВР Охрид, „на 08.07.2020 година околу 11.30 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од К.М.(33) врз М.Л.(23), двајцата од Охрид. Напаѓачот, иако имал решение од Државниот здравствен инспекторат за одредена мерка „изолација“, го напуштил својот дом и управувал патнички автомобил по булеварот „Туристичка“ со кој му го блокирал патот на сега нападнатиот, физички го нападнал и му упатил сериозни закани по неговиот живот.
По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles