26 годишен охриѓанец ја нападнал невенчаната сопруга и ја влечел за коса.
26 годишен охриѓанец ја следел неговата невенчана сопруга и ја нападнал со влечење за коса. За тоа „дело“ заработил кривична пријава.Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, информира дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста”, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.Д.(26) од Охрид.
Тој, казненото дело го сторил на 25 април оваа година на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, движејќи се зад невенчаната сопруга и упатувајќи и сериозни закани по нејзиниот живот, предизвикувајќи и чувство на страв, вознемиреност и несигурност. Во еден момент, сега пријавениот А.Д. почнал и да ја влече за коса по што избегал од местото на настанот.
