Охриѓанец најдобар „Млад библиотекар“ во земјава

Борче Исакоски од Охрид прв на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“.

 

Денеска во Демир Хисар во организација на Библиотекарското здружение на Македонија се одржа традиционалниот Републички натпревар „Млади библиотекари“.
Првото место го освои Борче Исакоски од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид под менторство на Санта Миткова. На второ и трето место се пласираа претставниците од Струмица и Радовиш.

Годинава на натпреварот учествуваа 21 натпреварувач од цела Македонија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани