Охриѓанецот Горан Андреевски е добитник на наградата за најдобра соло изведба во тапан на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.
По тој повод, Андреевски, на својот ФБ профил напиша:освоена награда за најдобра соло изведба во Тапан на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“… Благодарност до жири составот Захаринка Милосављевиќ, Родна Величковска и Илчо Јованов. Инаку, со сценско-уметничкиот перформанс „Традицијата оживува“ на седми јули, на камената сцена на плоштадот „Александрија“ во Прилеп почна 43 фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.Играорец и инструменталист, најпознат Македонски гајдаџија и еден од најпродуктивните собирачи на Македонски народни песни и ора. Пеце Атанасовски е една од клучните личности во македонската култура, преку фолклорот, по Втората светска војна. Од 1959 година до пензионирањето, тој бил раководител на Оркестарот од народни инструменти во Радио Скопје и кореограф на повеќе од дваесет културно-уметнички друштва во Македонија. Од 1966 година, во текот на следните 29 години, ја раководел Фолклорната школа за странци во Отешево. Во 1973 година го основал и бил директор на Долненскиот фестивал, кој по неговата смрт бил именуван како Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски”. Со своите гостувања со разни културно-уметнички друштва низ светот ги афирмирал високите достоинства на македонскиот мелос. Атанасовски бил носител на 19 меѓународни награди на светските фестивали во Ланголен (Англија), во Брно, итн.
Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ се одржува под покровителство на Министерството за култура,