Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н.М.(43) од Охрид.
-При извршен преглед во мопед што тој го управувал на улицата „Абас Емин“ во Охрид, полициските службеници, под седиштето пронајдоа една најлонска кеса со опојна дрога марихуана. Истата е одземена и испратена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
