Охриѓанец се шетал без дозвола за движење на полноќ.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(37) од Охрид. На 25.03.2021 година во 00:35 часот, полициски службеници го затекнале пријавениот на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид и утврдено дека нема дозвола за движење во време на полициски час со што ја прекршил забраната за движење на населението во времето од 20 до 05 часот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
