24 годишното момче од Охрид , амфетаминот го подигнал како поштенска пратка.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против П.Д.(24) од Охрид, Нa П.Д. му е одредена мерка притвор од страна на надлежен судија.
– „Пријавениот,на 30 април 2019 година, преку поштенска пратка која ја подигнал од Пошта-Охрид лоцирана на булевар „Македонски Просветители“ во Охрид, набавил амфетамини, со цел натамошна продажба во помали количини. Во момент на излегување од поштата, врз П.Д. е извршен преглед при што е пронајдена пратката со амфетамини и пари. Предметите се одземени за понатамошна постапка“, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
