Охриѓанец, со нож нападнал сограѓанин

Со ножот го повредил во главата, напаѓачот приведен.

Синоќа околу 23 часот, пред куќа на улицата „Андон Дуков“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Ј.С.(37) врз Н.А.(50), двајцата од Охрид.Притоа, Ј.С.извадил нож и му нанесол телесна повреда на Н.А.во пределот на главата.Него му е укажана лекарска помош во Општата болница во Охрид а Ј.С. е приведен и лишен од слобода.
-Кај него е пронајден и одземен метален нож а по целосно документирање на овој настан, против Ј.С. ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани