24 годишен охриѓанец, со тупаници се пресметал со портирот на болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Според соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста на охридската полиција, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.З.(24) од Охрид.
Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид вели дека пријавениот, казненото дело го сторил на 30-ти мај оваа година во 14 часот и 45 минути во Специјална болница ,,Свети Еразмо” во Охрид.
Пријавениот, на висок тон упатил вербални навреди кон С.А. вработен портир во болницата, кој во моментот бил на своето работно место и ги извршувал работните задачи, информита портпаролот Димоски.
Во еден момент од ваербалните напади, сега пријавениот Б.З. физички го нападнал портирот, со двете раце го фатил за вратот и силно го притискал а потоа му задал повеќе удари со тупаници во пределот на градниот кош нанесувајки му повеќе телесни повреди. По извршениот физички напад, Б.З. веднаш заминал од местото на настанот.