Охриѓанец во домот и колата криел марихуана

Полицијата го „почасти“ охриѓанецот со кривична пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р.(43) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
– На први февруари оваа година, на паркинг простор на ул.„АСНОМ“ во Охрид, при преглед во неговото патничко возило, како и при извршен претрес во неговиот дом, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани