Семејното насилство е појава што се повеќе се случува во Охрид. Семејното малтретирање најчесто е врз сопругата и најчесто е во облик на физичко малтретирање и изживување.
Охридската полиција ги приведува насилниците, редовно информира за вакви случаи и соопштува за поднесени кривични пријави против насилникот. Жртвата, најчесто сопругата завршува на болница со тешки повреди.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира за уште еден случен настан на семејно насилство и за поднесена кривична пријава.Додава дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.И.(35) од Охрид.
-Пријавениот, казненото дело го сторил на 23-ти јули оваа година околу 15 часот и 30 минути во семејна куќа во Охрид. Тој, започнал жестока вербална расправија со неговата сопруга по што и физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и целото тело.Од силината на ударите, оштетената се здобила со повреди и набиеници а потоа пренесена во Општата болница во Охрид каде и била пружена неопходна медицинска помош, соопшти Димоски.
Со оглед на зачестената појава на семејно насилство, крајно време е да се преземаат посеопфатни и покоординирани мерки на надлежните субјекти за поголема заштита на оштетените од насилниците.