Охриѓани бараат да се сочува статусот на Унеско

Граѓаните едногласни,  охридскиот регион   мора да го  сочува статусот на Унеско.

Еден од  триесеттината локалитети заштитени во светот како   културно и природно наследство  е вистинска реткост  со непроценливата  вредност. 

Заштитата  под капа на Унеско  е  единстевниот пат за  туристичкиот развој на  регионот.

– „Штом сме го добиле значи го прифатиле стручнаците а ние како обични граѓани треба да го ппочитуваме и да го зачуваме“ , вели еден охриѓанец.

– „Не би требало да се откажеме бидејќи на оваа убавина да се откажиш од статусот на Унеско не “, вели една охриѓанка.

– „Сто посто треба да се сочува за да бидеме во тие културни наследства што ги има во светот, не само во Охрид“, Вели трет охриѓанец.

Триесеиедна граѓанска организација  и високообразовни институции од Алијансата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“  неодамна побараа  вклучување на јавноста во изработката на извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион.

– „ Вака кога не е ставен на увид Нацрт извештајот секогаш постојат сомнежи и шпекулации дека не се прикажува  реланата состојба со затитата на природното и културното наследство во охридскиот  регион“вели Дејан Андонов, координатор на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“

– „Побаравме да го добиеме официјално нацрт извештајот за да можеме да дадеме свој придонес до институциите и до самата меѓународна институција,  но тоа не е се случи“ , вели Драга Велкоска од Охрид ЅОЅ.

Клучните забелешки на Унеско се  нарушувањето на автентичнста на  регионот и бавното справување со дивоградбите вдолж брегот на езерото. Конечната одлука дали Охридскиот регион ќе биде впишан на Листата на Светско природно и културно наследство во опасност, треба да се очекува најрано во јули годинава.

новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани