Охриѓани се карале, радождани се тепале

Во два различни случаи вчера е нарупшен јавниот ред и мир.

 

На 02.07.2021 година околу 13 часот, на булевар „Железничка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со вербални закани упатени од П.Н.кон О.Б.(52), двајцата од Охрид. Против нарушителот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 02.07.2021 година околу 15.30 часот, на локален пат во струшкото село Радожда, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.П.(21) врз К.С.(28), двајцата од истото село. Против напаѓачот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

 

Social profiles