Охриѓанка дел од успешниот тениски тим на универзитетот во Њујорк

Женскиот тениски тим на Универзитетот од Бафало, Њујорк, за кој игра охриѓанката Тања Стојановска, повторно, како и минатата година, ја освојија MAC (Средно-американската конференција) од Првата NCAA Универзитетска лига, со што се стекнаа со право да одат на завршниот NCAA турнир за најдобрите Универзитети од САД.

 

Турнирот ќе се одржи на 11 Мај, а следниот противник ќе се дознае утре. Тимот инаку имаше серија од 14 последователни победи и вкупен резултат годинава 17-3, како и перфектни 7-0 победи во Конференцијата, што е најдобар резултат во историјата на Универзитетот.

Тања имаше неколку повреди сезонава, но сепак даде огромен придонес во победите на тимот, со скор од одлични 10-0 во дубл и 8-3 во сингл, а покрај тоа додаде и 2 лесни, но многу значајни победи во 2 сета во полуфиналето и финалето на Конференцијата. Затоа е избрана во најдобриот тим на Конференцијата четврти пат по ред, што не му успеало на никој претходно во историјата на Универзитетот Бафало, и само на еден друг играч воопшто во историјата на MAC Конференцијата. Со своите 19 победи сезонава, и вкупно 82 во текот на NCAA кариерата, таа е на само една победа од изедначувањето на рекордот на Универзитет од Бафало.

 

Social profiles