Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид, се пресели во нови простории.
Новите простории на почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид, се наоѓаат во хотелот „Нова Ривиера“ на Кеј „Македонија“.На 25 мај 2016 година, со пригодна свеченост во Охрид беше отворен почесниот конзулат на Руската Федерација.На отворањето кое се одржа во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид, присуствуваа претставници на Министерството за надворешни работи на Македонија, претставници на дипломатскиот кор, гости од Руската Федерација, претставници на институциите, на бизнис заедницата и други гости.Претходно, за почесен конзул на Руската Федерација во Охрид беше назначен ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Велимир Стојковски.
