Охриѓанка го запоставила својот неподвижен син

11 годишникот бил оставен без храна.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски, вчера во СВР Охрид добиено е телефонско известување дека С.В.(39) од Охрид, во својот дом на улицата „Питу Гули“, без никаква грижа, храна и надзор, го оставила својот 11 годишен син кој бил неподвижен.
Центарот за социјални грижи и Црвениот Крст од Охрид, превземаат мерки за пронаоѓање на згрижувачко семејство а на лицето му е дадена соодветна помош. Против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави портпаролот Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани