Повредената е пренесена во болница.
Синоќа во 19.00 часот во СВР Охрид пријавено е дека на магистаралниот пат Охрид – Ресен, на околу 700 метри после планинскиот превој Буково, М.С.(44) од Охрид, управувајќи патничко возило „фиат стило“ со охридски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од патот.
– Во незгодата, М.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата Св.Еразмо во Охрид а увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
