Додека изминатите месеци тајно зад паравани од платно се градеше, денеска свечено е откриено минарето на Алипашината џамија.
ИВЗ се пофали со новоизграденото минаре. Според најавите се планира на Рамазан Бајрам со низа свечености истото да биде пуштено во употреба.
Институциите по неброен пат потфрлија и дозволија дивоградба од 32 метри да ја нарушува визурата на централното градско јадро.
Се огласија и од здружението „Совест“:
-„Еве и ние од Совест, додека си чека да не (не) покани за да се реши проблемот, додека неповратно го губиме статусот на Заштита од Унеско, јавно го покануваме Zoran Zaev да дојде со бомбонера на легализирање и отворање на дивоградбата Алипашина џамија со минаре најголемо и доминантно во цел Охрид, да му порачаме да нема гајле Охрид си стана Исламабад на балканот и стана најголема атракција и приказ како со дијалог, а не со закон за сите се решаваат проблемите на религиите..Сега заради повеќегодишната толеранција на безаконието од сите влади ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО@ СДСМ Централен штаб, ќе има мораториум на донесување планови на цело подрачје на град Охрид каде наместо тој мораториум да важи за централно градско подрачје и крајбрежието кое е во таа
Заштитена зона, истиот ќе важи за “будали” луѓе кои веќе почитувале закони и си чекале дозволи за градба, а во меѓувреме куќите им станале трошни и подложни на рушење па сега нека пропаднат сосе куќите нека ги снема најдобро зошто верувале во закони и правда..РАЗОЧАРАНИ ИЗМАМЕНИ ПРЕВЕСЛАНИ ве поздравуваат Охриѓани!!!“
Минарето е една од забелешките на Унеско, кој изминатиот период Охрид го стави на листата загрозено светско наследство, еден чекор пред губење на статусот светско природно и културно богатство.