Општа болница Охрид со сите сили се „бореше“ за животот на повредените во тешката собраќајка.
-Сообраќајната незгода која се случи на ден 16.08.2020 год. во 1 и 30 часот во Охрид, во ЈЗУ Општа болница Охрид се примени тројца пациенти со тешки форми на политраума сите тројца пациенти за лекување се примени на одделението за анестезија реанимација и интензивно лекување од страна на дежурниот анестезиолог и началник на одделот Др. Марина Грозданоска при што одма е мобилизиран целокупниот кадар на ЈЗУ Општа болница Охрид, комплетен хируршки тим предводен од дежурниот доктор и началник на одделението за хирургија Милчо Стефаноски како и комплетен состав на одделот за рентгенологија предводен од дежурниот рентгенолог Др.Софка Маленко каде се правени сите дијагностички процедури. Сите тројца се поставени на респираторни машини . Мобилизиран е целокупниот сестрински кадар од оделот за анестезија и реанимација и интензивно лекување предводен од главната медицинска сестра Менче Цветкоска. Во реанимација учествуваше и директорката на Клиника за анестезија и реанимација и интензивно лекување Доц.Др. Маја Мојсова која во моментот се наоѓаше во Охрид .
Од тројцата пациенти, двајца пациенти по почетна стабилизација се испратени со транспортни респиратори и екипа од Општа болница Охрид во Клиника за анестезија реанимација и интензивно лекување Скопје каде се и примени за понатамошно лекување .
Едниот пациент поради исклучително тешка состојба и покрај преземените мерки е одлучено дека не е за транспорт и истиот почина околу 6 часа по приемот , информират од Општа болница Охрид.
