Општина Охрид: Будно се следи состојбата на депонијата Буково

Општина Охрид постојано и будно го следи функцинирањето на депонијата „Буково“ каде што деновиве повторно беа регистрирани неколку помали пожари, кои се предизвикани од високите температури и несовесното однесување на поединци.

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ кое има надлежност за управување со депонијата „Буково“ постојано врши контрола на тековното одржување на депонијата. Веќе се поднесени соодветни пријави до надлежните безбедносни служби, во врска со последните пожари, со цел да се вршат почести контроли на локацијата за депонирање и потегот во близина на истата. Очекуваме дека сторителите ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани.Според Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и препораките од УНЕСКО депонијата „Буково“ треба да биде затворена, но преземањето на оваа мерка зависи од одлуката за одредување на локацијаи отворање на регионална депонија за Југозападниот регион. Обврските за решевање на овој проблем се во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање, стои во соопштението на општина Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани