Општина Охрид, возврати на обвинувањата од СДСМ.
-Во целост се сложуваме со тврдењето на СДСМ дека Охриѓани гледаат и знаат. Затоа, токму Охриѓани ги испратија во опозиција на последните Локални избори. За жал, терминолошка бариера постои во СДСМ па не знаат да направат дистинкција помеѓу пишување и реализирање. Едно е да пишуваш, а сосем друго е да успееш да реализираш. За тоа колку проекти се реализираа во изминатите 100 дена јасно сведочи ОТЧЕТОТ за 100 дена кој што го изработивме и го презентиравме пред граѓаните, нешто што воопшто не беше случај со минатата владејачка гарнитура. Незамисливо е колку гнев и омраза треба да имаш за да не си го сакаш сопствениот град. Секоја една инвестиција која се реализира или секој градежен зафат кој значи подобрување на инфраструктурата и условите на живот на граѓаните, наместо да го поздрават, тие од петни жили се обидуваат што повеќе да го искритукуваат. Охриѓани се мудри, Охриѓани паметат и знаат да носат правилни одлуки, стои во реакцијата на општина Охрид.