Општина Охрид преку програмата „ЕУ за Општините“ го реализира проектот „Ohrid GO“

На пригодна свеченост, денес, градоначалникот Кирил Пецаков, го потпиша договорот за кофинансирање на проекти во рамки на програмата „ЕУ за Општините“ и „Прекугранична соработка“.

Општина Охрид преку програмата „ЕУ за Општините“ го реализира проектот „Ohrid GO“ кој е во вредност од 716.766,00 eвра, а партнери на проектот се Општина Воден од Грција и Стелар Солушнс од Скопје.

Договори за соработка потпишаа 19 општини, од кои 8 општини во рамки на програмата „ЕУ за Општините“, а 11 општини во рамки на програмата за „Прекугранична соработка“. По завршување на свеченоста се одржа панел дискусија на тема „Општинска дигитализација“ и „Прекугранични предизвици за локалните власти и поглед на ИПА III“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани