Општина Охрид: Со „герила“ акции УМС собира евтини политички поени

Општина Охрид со реакција на вчерашната акција на УМС на ВМРО ДПМНЕ.

 

-„Општина Охрид, со доаѓањето на новата локална власт, интензивно работи на санација на уличната патна мрежа , која во катастрофална состојба ја остави претходната, предводена од ВМРО- ДПМНЕ. По „герила акцијата“ на УМС на ВМРО- ДПМНЕ, со која сакаа да соберат некој евтин политички поен кај граѓаните, Локалната самоуправа, само со соопштување на факти покажува како треба да се почитува јавноста.
Во изминативе година и половина, согласно со пропишаните стандарди, извршена е комплетна санација на ударните дупки и прекопи на сите улици во градското подрачје и населените места.При тоа за оваа намена се потрошени 980 тони асфалт, санирани се ударни дупки на површина од 5.800 метри квадратни, во вкупна вредност од 5.300.000,оо денари.
Поради обилните снежни врнежи, ниските температури, зимското одржување на сообраќајниците со сол и ризла, прекопите и отстранувањето на дефекти на водоводната и канализационата мрежа, изминативе месеци има појава на нови ударни дупки, кои Општина Охрид, со подобрувањето на временските прилики и отворањето на асфалтните бази, во најкус рок ќе ги санира. Во тек е тендерската постапка за набавка на 850 тони асфалт кои ќе бидат употребени за санирање на ударните дупки“, стои во соопштението од Одделение за односи со јавност при општина Охрид 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани