Општина Охрид возврати на обвинувањата од Вмро Дпмне

Да се става теснопартискиот над јавниот интерес и натаму е практика на ВМРО-ДПМНЕ, возвратија од општина Охрид .

Политички неуко и анахроно е да се обвинува Општина Охрид дека нелегално изведувала инфраструктурни зафати без потребната документација, а тие зафати се од јавен, а не од личен интерес. Кружниот тек кај Општата болница, кој се реконструира, ќе го користат сите граѓани без разлика на нивната партиска припадност. Покриеното автобуско стојалиште од дожд и снег ќе го користат сите, без никој да им бара партиска книшка.Но, за Вас од раководството на ОК на ВМРО- ДПМНЕ очигледно не Ви се важни граѓаните, туку собирањето на ефтини политички поени. На јавноста наместо Вашите инсинуации ќе им презентираме факти. -Поради катастрофалната состојба на кружниот тек кај Општата болница чија моменталната состојба е идентична со онаа во 2016 година, неминовно беше да се изврши реконструкција и подобрување на сите сообраќајни перфоманси. Согласно тоа се изготви Основен проект за реконструкција со сообраќајно решение, ревизија на истиот и изготвен е и проект за времен режим на сообраќај. За целата документација изготвени се соодветни решенија и согласности од надлежни институции. Согласно законот за јавни набавки и проектната документација избран е изведувач на работите кој ги извршува градежните активности.Од страна на надлежните служби на Општина Охрид издаден е налог на надзорниот орган, кој согласно законот извршува надзор на градежните работи. Стручните служби на Општина Охрид секојдневно ја следат динамиката и квалитетот на изведените работи. -Што се однесува до преместувањето на автобуската постојка од зградата „Печијаре“ кај пекарата „Мартина“, истата е дислоцирана согласно акт од Министерството за внатрешни работи и Програмата за урбана опрема која е изгласана од страна на Советот на Општина Охрид. -Општина Охрид не врши реконструкција на кружниот тек на булевар „ Туристичка“ со пресек со улица „ Бистрица“, туку тоа го прават надлежните државни институции кои се надлежни за оваа сообраќајница. За крај, секојдневната работа на решавањето на проблемите на охриѓани бара многу поголема сериозност и посветеност од читањето на штанцани партиски соопштенија во пресрет на избори. Граѓаните на Охрид многу добро ја знаат разликата, стои во реакцијата на Општина Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани