Општина Вевчани, повикувајќи се на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија, апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските подрачја во Заштитеното подрачје “Споменик на природа Вевчански извори” заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите.
Одлуката од страна на Владата стапува на сила од 3 август 2021 година, а ќе трае до одповикување на истата.
Согласно одлуката на Владата ве информираме дека од 03.08.2021 година стапува на сила целосна забрана за движење во шумските предели низ Републиката, а според тоа и на целата територија на Заштитеното подрачје “Споменик на природа Вевчански извори.
Упатуваме апел до сите граѓани да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите, информираат од општина Вевчани.
