Наместо градска плажа распослани кајчиња на Сараиште.
После честите критики на граѓаните локалната бара од сопствениците да ги отстранат кајчињата во спротивно ќе им се отстрануваат на нивна сметка.
-„Се известуваат граѓаните сопственици на пловни објекти – кајчина, кои се лоцирани на плажата Сараиште, веднаш истите да ги отстранат. Доколку тоа не го направат во рок од три дена, локалната самоуправа ќе ги подигне, а трошоците ќе паднат на товар на сопствениците“, стои во известувањето од општина Охрид.

