Општината издава локација за поставување на покриен шанк пред мостот на каналот Студенчишта.
Предметот на јавнен оглас е покриен шанк за кој се склучува договор, врз основа на електронско јавно наддавање и се издава одобрение за поставување.
2. ОПШТ ОПИС НА ПРЕДМЕТНАТА УРБАНАТА ОПРЕМА, ПОВРШИНА И МЕСТОПОЛОЖБА НА ЛОКАЦИИТЕ:
Локацијата за поставување на урбана опрема (покриени и непокриени шанкови), бројот и површината на предметната урбана опрема се дефинирани како што следи:
Локацијата за поставување на урбана опрема-покриен шанк се наоѓа во Градскиот парк во зелениот појас пред мостот на канал Студенчишта, со површина од 6 м2.
Деталната местоположба на локацијата на која ќе биде поставена предметната урбана опрема опишана во точка 2 од оваа објава, може да се види од графичиот прилог – Извод од програма, кој ќе биде изложен на огласна табла на општина Охрид и веб страната на Општина Охрид.
3. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ОГЛАС:
Право на учество на јавниот оглас имаат домашни и странски правни и физички лица, под услови утврдени со јавниот оглас.