ОСБСП Охрид: Внимателно во сообраќајот, возете совесно и одговорно

И ова лето, Охрид очекува бројни туристи и гужви во сообраќајот. Бидејќи пред нас се стоте најцрни и најкритични денови кога е во прашање безбедноста во сообраќајот, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, апелира на внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно управување со возилата и целосно почитување на сообраќајните правила и сигнализацијата, што е основен предуслов за елиминирање на сообраќајните незгоди. 

 

Во услови кога во Охрид бележиме зголемената фреквенција на сообраќај, посебно во централното градско подрачје, потребно е дисциплинирано управување на патничките и други моторни возила, почитување на пропишаната брзина на движење, исклучиво користење безбедносни појаси, некористење на мобилните телефонони во тек на управување со моторно возило или велосипед а посебно да не се седнува зад воланот под дејство на алкохол или наркотични средства. Неопходно е користење на пешачките и велосипедски патеки и внимателност за личната но и за безбедноста на останатите учесници во сообраќајот., велат од градскиот совет за безбедност во сообраќајот.
М-Р Стефан Димоски, претседателот на советот, нагласува дека возачите на моторни возила, посебно младите возачи, треба да ја контролираат брзината на движење, да ги почитуваат пешаците, моторциклистите и велосипедистите на сообраќајниците, како ранлива категорија учесници во сообраќајот и секогаш да им овозможуваат првенство на минување.
-Моторциклистите но и велосипедистите, задолжително да користат заштитен шлем-кацига неопходна и за сопатникот на моторциклот, да внимаваат на брзината на движење и безбедно да вршат претекнување или промена на страната на движење. Моторциклистите, при секоја промена на движењето, навремено да вршат вклучување и користење на жмигавци. Пешаците, обврзно да ги користат обележаните пешачки премини за безбедно преминување на коловозите на сообраќајниците и кружните крстосници. Велосипедистите, дисцилинирано да се движат по обележаните велосипедски патеки, исклучиво да ја користат десната страна за движење по коловозната лента, да вршат сигнализирање со рака за секоја промена на управување со велосипедот, внимателно да се движат покрај паркирани автомобили, задолжително да користат предно и задно светло при ноќно управување на велосипед, изјави претседателот имоски.
На овај начин, сакаме да придонесеме за унапредување на сообраќајната превенција, да ги намалуваме ризиците во сообраќајот и можностите за сообраќајни незгоди, да ја подигнеме сообраќајната култура и јавната свест кај сите категории учесници во сообраќајот од потребата за почитување на сообраќајните правила и прописи. Секогаш имајте во предвид дека почитувањето на сообраќајната сигнализација е основен предуслов за безгрижно патување и безбедно пристигнување на посакуваната дестинација. Имајте среќно и безбедено лето, велат од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани