Со незаборавен настап на Тереза Кесовија отворена Вевчанската колонија

Вевчани неисцрпна инспирација за врвните светски сликари. Триесеттина уметници и годинава  ќе  творат  на меѓународната уметничка колонија “Вевчански видувања”, што синоќа свечено се отвори со ексклузивен концерт на хрватската дива Тереза Кесовија.  

 

Природните убавини во тивката планинска природа се основниот мотив за врвните  ликовни мајстори од различни генерации,  култури и сликарски школи.

-„Преку сликарите што доаѓаат од сите меридијани да се пренесе таа убавина а како што рекол Достоевски „Убавината и ќе го спаси светот“.  Ќе се создаде една уметност која ќе зрачи а верувам дека ќе се пренесува и преку изложбите што се организираат секоја година. Годинава во Москва, минатата во Њујорк и верувам дка ќе продолжи таа традиција“, вели Живко Поповски Цветин уметник од Македонија.

-„Ќе видам „Виа Игнација“, патот каде проаѓал,  и тие древни извори каде се. Ние живееме во урбани средини каде е се загадено  и буквално физички а и луѓето. Морам да  кажам дека овдека наоѓаме некоја природа која е се уште недопрена“, вели Божидар Дамјаноски уметник од Белград.

Повеќе од 56 години на музичката сцена, хрватската певица, која се вљуби во Вевчани и гостопримството на добрите домаќини, вели времињата се менуваат а денес недостига љубов.

 

-„Сета оваа убавина е повеќе од  потребна, да се дојде овде, човек да си ја одмори душата. Да се размислува  за некои убави нешта. Јас сум уверена дека има прекрасни луѓе  во светот кои не се променија. Мислам дека мора да се сакаме повеќе. Повеќе да се разбираме, повеќе  да се толерираме. Мислам дека толеранцијата денес во овој свет е најважна.Јас некако себе си си давам за право тоа да го кажам бидејки имам зад себе години живот и години искуство и години работен стаж“ , вели Тереза Кесовија .

Во следните десет денови светските уметници  ќе  творат на Меѓународна ликовна колонија, што по осми пат се одржува во живописното Вевчани. Уметничките дела родени во падините на Јабланица  ќе бидат сместени во каталог но,  ќе се организираат  и изложби за пошироката јавност.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани