Човек на средна возраст е извлечен од водите на Охридското езеро, кај Пештани.
Откако влегол во езеро, по кратко време почнал да тоне. Наш читател вели дека луѓе од плажата го забележале тоа па набрзо со пливање се доближиле и внимателно го извлекле на копно. Брза помош околу 14 часот стигнала на плажата и го пренела во болница. Лекарите се борат за да му го спасат животот.
Инаку минатата недела во водите на Охридското езеро кај плажата Сараиште се удави 61-годишен жител на Охрид.