Часови остануваат до големата битка на уште поголемиот борец Марко Пејчиновски со Охридското Езеро.
Тој интензивно се подготвува да исплива нов подвиг долг 64 километри (Охрид – Св. Наум – Струга – Охрид), кој го посветува на лицата со ретки болести и нивната секојдневна битка со предизвиците во животот. За таа цел и во знак на поддршка на лицата со ретки болести, изработени се специјални маички по цена од 300 денари. Истите може да се подигнат во среда, 28 август, на денот кога Марко ќе плива нов подвиг, на штандот кој ќе биде поставен кај градското пристаниште од 12 часот, се до пристигнувањето на охридската пливачка легенда на целта.
Приходот од продажбата на маичките ќе оди во хуманитарни цели, односно за лицата со ретки болести!