При крајот на туристичката сезона, вчера општина Охрид ги отстрани рампите на влезот во Стар град.
Нема веќе рампа кај Горна Порта и кај црквата „Каменско“.
Овој потег на општината следуваше после поплаките на жителите од Стар град, кои се жалеа дека им е ограничено слободното движење.
Засега остануваат рампите кои ја ограничуваат премиум паркинг зоната на кружниот на градскиот плоштад.
Поставувањето на рампите и премиум паркинг зоната беа дел ос летниот сообраќајен режим кој го воведе општина Охрид , како дел од препораките на Унеско намалување на сообраќајот во Стариот дел на Охрид.