Отворен за сообраќај патот преку Галичица кон Ресен

Од утре престанува забраната за сообраќај на овој пат.

Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид (Отешево- Трпејца, преку национален парк Галичица-врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево отворен е за сообраќај на сите возила.Од АМСМ потсетуваат дека на овој патен правец, од клучката Трпејца до зимскиот центар Отешево во двата правца, дозволен е сообраќај само за патнички возила и минибуси со вкупна маса до 3,5 тони. Овој патен правец, кој „Македонија пат“ не го одржува,се затвора за сообраќај цела зимска сезона, поточно во периодот од 15-ти ноември до крајот на март.Но и покрај забраната љубителите на планината го користеа патот најчесто до излетничкото место Корита.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани