Отворено 10 то јубилејно ВЕВКУЛ 2022

Со промоција на романот „Велиново“од авторот Димче Парталоски,на 19 јули ова година свечено беше отворено Десетотто јубилејно културно лрто –ВЕВКУЛ 2022.

Романот е исцело посветен на Вевчанскиот случај со водата што е во исто време и одбележување на 35 годишнината од немилиот насатан 1987 год што ја потресе тогашна Југославија.Со ова десетто јубилејно одржување на вевчанското културно лето-Вевкул 2022,во исто време се одбележуваат уште два многу значајни јубилеи за населбатаТоа се 680 години од првото споменување на името на Вевчани во пишуван историски документ ( 1342 год ) и 78 години од конечното ослободубање на населбата.На десетото културно издание на оваа значајна културно-уметничка и научна манифестација ќе бидат реализирани десет програмски целини,кои ќе го задоволат инетресот на сите вевчански генерации подеднакво и на гостите –туристи…
Следната промоција е на книгата поезија „Татковиот аманет“од Димче Шипинкаровски,а на 6 август о.г. ќе биде промовирана новата книга со песни посветени на мајката од истакнатиот вевчански афористичар и поет Сашо Бетоски.Во низата промоции ќе бидат промовирани уше две книги со песни “Тајнописец“од Верица Мукоска и научно-историската публикација „Синдромот на самоуништувањето на македонската десница“од познатиот публицист и колумнист Васил Костојчиноски.Значајно е да се истакне дека сите пет автори се вевчанци,со што се исполнува парафразираната мисла на Гоце Делчев дека „ние го разбираме Вевчани како поле за културен натпревар на сите Вевчанци и Македонци“.
Покрај петте промоции на книги ќе се одржат и две изложби од две вевчански претставнички,првата со налов „Илустрациите на книгите за деца од македонски автори-потик и инспирација за читање кај децата“ проект на Билјана Лотеска и изложба на слики на Дафина Шекуткоска.Во програмата на Десеттото јубилејно вевчанско културно лето-ВЕВКУЛ 2022,ќе се одржи и вечер посветена на ликот и творештвото на истакнатиот македонски писател Јован Котески,по повод неговите 90 години од раѓањето, а на 17 септември – Денот на конечното ослободување на Вевчани во ( 1944 год.) ќе се одржи Меѓународното матине крај Вевчанските извори,со учество на поети од Македонија,Србија,Хрватска,Црна Гора,Косово и др.
Но,она што го прави оргинално Десеттото јубилејно Вевчанско културно лето-Вевкул 2022 е одржувањето на крајот од месец септември на трибина на тема:„Македонскиот народ во соседните земји –Бугарија,Грција,Албанија Србија“- Состојби,реципроцитет и прспективи“.Учесници на трибината ќе бидат проф.д-р.Стојко Стојков од Пиринска Македонија,архимандрит Никодим Царкњас од Егејска Македонија,проф.р-р Кимет Фетаху од Албанија и претседателката на Националниот коордативен одбор на Македонците во Србија.За трибината владе голем интерес и е подржана од повеќе организции и медиумски куќи,а на истата ќе бидат поканети и новинари од медиумите на соседните земји.

СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани