ОУ „Григор Прличев“ организира голем хуманитарен хепенинг за Сара

ОУ „ Григор Прличев „ Охрид ги поканува сите граѓани на хуманитарен хепенинг за помош на Сара Настеска.

ОУ „ Григор Прличев „ Охрид е училиштето во кое 15- годишната Сара Настеска го стекна своето основно образование и училиште во кое учи нејзиниот брат Виктор . Вработените и другарите од школските клупи зборуваат за нив двајца дека се ученици за пример и другари за век. Со цел да и се помогне на Сара да ја врати златната насмевка на нејзиното лице и да се охрабри Виктор во неговиот јуначки гест , вработените и учениците во ОУ „ Григор Прличев „ Охрид организираат голем  хуманитарен хепенинг.

Во школската сала од ОУ „Григор Прличев“, во недела (утре) со почеток во 19 часот ќе се организира хуманитарен маскенбал по повод „Halloween“ за учениците од осмо и деветто одделение и за средношколци од прва и втора година. Влезот е 100 денари и собраните средства ќе бидат наменети за лекувањето на Сара Настеска.

Во среда во 16.30 часот на кој паралелно ќе се одржат две продажни хуманитарни акции : 1. Наставниците за Сара !; 2. Школските другари за Сара !

На овие продажни акции наставниците ќе ги продаваат своите подготвени производи , а учениците своите омилени предмети. Хепенингот ќе биде придружен со музика и песна од хорот и оркестарот при училиштето. С

е покануваат сите граѓани на Охрид да земат учество на продажната акција со свои креативни дела, со цел да им покажеме на Сара и Виктор дека хуманоста и другарството немаат граници ! На хепенингот освен шо ќе можат да купат производи ќе можат и да донесат производи за да ги продавaат.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани