Панични напади, зголемен бројот на повици во Брза помош

Зголемен број на повици во охридската Брза помош. Како последица на бројните земјотреси кои не стивнуваат со денови во охридската Брза помош е зголемен бројот на повици .

Најголем број од повиците се однесуваат на панични напади и страв.

-Имаме умерено зголемувае на бројот на повици, зголемување на бројот на прегледи и повици дирекно поврзани со земјотресите, како страв и панични напади. За среќа повреди и трауми како дирекна последица од земјотресите нема, вели Горан Симјаноски раководител на охридската Брза помош во зијава за Охриднет.ком.

Дваеесеттината панични напади и страв не познаваат старосна граница. Имало пријави и од постари но и од помлади лица.

Препораката од надлежните е да се остане смирен.

-Останете смирени да се придржуваме до основните препораки на дирекцијата за заштита и спасување и нема да има никакви проблеми, вели Симјаноски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани