Охриѓани и ноќеска останаа будни, серија земјотреси

Охриѓани и ноќва ја минаа будни. Голем дел од граѓаните под отворено небо на охридските плажи, дел во автомобилите, а има и такви кои го напуштаат градот.

 Паника, страв и вознемиреност донесоа серијата нови земјотреси во текот на ноќта.

Најсилниот беше пет минути после полноќ  4,1 степен по Рихтер.  Утрово во 6 30ч уште еден посилен потрес од 3,8 степени, а пред него уште три со јачина од 3 и 3,1.

Кризниот штаб деноноќно   на терен. Се утврдува стабилноста  на објектите и се врши увид на штетите.

-Нашата препорака е граѓаните да постапуваат максимално смирено  да ги имаат  во предвид насоките кои што ги даваат надлежните институции и во секој случај да ја задржат својата присебност. Став е дека не треба да се излегува брзоплето и треба да  се стварно преземат мерки на смаозаштита а то а е оддалечување од оние површини или простори каде што може да дојде до самоповредување од не дај Боже паника или обрушување на предмети и опрема во самите простории, вели  Митко Темелковски од Центарот за управување со кризи.

Професорот по географија Ивица Милески смирува, нема опасност од вулканот во Косел.

Тлото под Охрид се тресе од 18 јуни. Над 1000 земјотреси до денес.  Најсилниот беше завчера во 13:18 часот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала. Во епицентарот во селото  Скребатно поставена е нова сеизмолошка мерна станица, која ја следи состојбата.

Воениот капм Охрид денес ги отвори вратите за сите вознемирени граѓани од земјотресот. Им се нуди бесплатно сместување на граѓаните  се додека не се смири  состојбата.

Новинар Соња Рилковска

Kanal 5 TV 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани