Параглајдеристот буквално се срушил врз автомобил.
На 30.07.2019 во 15,34 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Љубаништа, охридско паднал параглајдерист. Во врска со настанот, портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски изјави: „Од страна на полициски службеници од СВР Охрид излезено е на местото на настанот и констатирано е дека во 15,20 часот при слетување на плажата со параглајдер Д.J.Р.(57) од САД, паднал на патничко моторно возило марка„Мицибуши“ со скопски регистарски ознаки. Д.Ј.Р. со возило на итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“. Се превземаат мерки за расчистување на случајот“.