Пецаков: Јас и охриѓани сакаме да добиеме одговор зошто ослободувањето од патарина не важи и за Охрид?

Јас и охриѓани сакаме да добиеме одговор од Зоран Заев и Владата, зошто оваа мерка не се воспостави и не важи и за Охрид како летна туристичка дестинација за илјадници српски државјани туку важи само за Грција?, запраша пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков  на денешната прес конференција. 

 

Во услови кога економијата тоне, фирмите мака мачат со исплата на плати за вработените, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај, Зоран Заев и бандата околу него се расфрлаат со народните пари и расипнички ги трошат на тотално непотребни и налудничави „проекти“, рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков.

– „Токму ова нерационално и расипничко трошење на Владата на Зоран Заев ќе ги чини граѓаните речиси 3 милиони евра односно 172 милиони денари, народни пари од Буџетот на Република Македонија. Оттука, соочени со секојдневните милионски скандали и криминали, но и познавајќи го степенот на криминалитет на Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ, ние отворено се сомневаме околу износот од 3 милиони евра за набавка на картички со кои на српските туристи ќе им се овозможи летово да транзитираат низ Македонија без да платат патарини“, вели пратеникот.

Пецаков додаде дека токму поради огромниот милионски износ и сомнежот којшто постои во јавноста, Зоран Заев и Владата мора да дадат одговори на неколку логични прашања коишто македонската јавност мора да ги слушне.

– „Владата и Зоран Заев мора да одговорат како е дојдено до таа сума од 3 милиони евра за набавка на картички за патарина? Зошто оваа мерка не се воспостави со едноставно кревање на рампа и видео надзор на автомобилите со српски регистарски таблици? Исто така, како пратеник кој доаѓа од Охрид, јас и охриѓани сакаме да добиеме одговор од Зоран Заев и Владата, зошто оваа мерка не се воспостави и не важи и за Охрид како летна туристичка дестинација за илјадници српски државјани туку важи само за Грција? Очигледно, за Зоран Заев и најкриминалната Влада во Европа зборовите транспаретност, отчетност и одговорност немаат никакво значење. Тие се занимаваат само со бизнис зделки и милионски профити“ , додаде  Пецаков.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани