Власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески се однесуваат крајно несериозно кога станува збор за здравјето и интересот на граѓаните, рече на денешнат прес конференција Кирил Пецаков координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Охрид во советот на општина Охрид.
Наместо градски татко, Георгиески не се откажа од патните и дневни расходи од 540.000 денари и да помогне во борба со коронавирусот и поддршка на стопанството.
Георгиески се откажа од две плати, но никако не се откажува од јадење и пиење и од дневници за службени патувања.
2.340.000 денари ќе потроши нашиот градоначалник за патни трошоци и репрезентации додека градот пропаѓа и охриѓани се борат за здравје, за задржување на своите работни места и се чудат како да врзат крај со крај.
СДСМ и Георгиески не ги интересира здравјето на граѓаните и нема помош за граѓаните кои се оставени сами на себе во овие тешки времиња.
ВМРО-ДПМНЕ предлагаше мерки и апелиравме навремено, но неспособноста и незнаењето на СДСМ и Георгиески со задоцнетиот ребаланс на буџетот ги докажаa нивните неуспешни економски политики“, рече Пецаков.