Охриѓани можат да бидат сигурни дека новите проекти кои ќе ги понудиме ќе се реализираат во следните четири години.
Охрид секогаш ќе биде лулка на ВМРО-ДПМНЕ, стожерот на Македонија чувствувам голема одговорност бидејќи со добиената доверба за носител на советничката листа голема е честа да ги реализирам своите идеи за доброто на партијата, за граѓаните на Охрид и на Република Македонија, ова на митингот во Охрид го истакна Кирил Пецаков носителот на листата од ВМРО-ДПМНЕ.
-За мене е поттик и можност да работиме потпирајќи се на чесноста, довербата и посветеноста им благодарам и на сите оние кои што ја препознаа мојата коректност и не штедливост и секако ангажираност во остварување на програмите и целите на ВМРО-ДПМНЕ. За нас најважната работа е дадениот збор, во изминатите четири години беа реализирани голем број на проекти за кои дадовме збор и допринесовме за изградба на Охрид како современа општина. Охриѓани беа сведоци на една нова посветена локална самоуправа која беше вистински сервис во решавањето на проблемите, истакна Пецаков.
Тој потенцираше дека граѓаните можат да бидат сигурни дека новите проекти кои што ќе ги понудиме со новата изборна програма ќе се реализираат во периодот од четири години.