Пеколно жешко до сабота, потоа заладување

Пеколни летни горештини. Сончево и многу топло време, со дневна температура која во најтоплите делови од земјата ќе го надмине 40-иот степен ќе се задржи и денес.

Во Охрид температурата се очекува да се искачи до 34 степени. 
УВ-индексот ќе има вредност 9.

Топло време не очекува и четврток и петок, а потоа следува нагла промена на температурите. Од сабота се очекуваат врнежи од дожд и  пад на температурите за  8-10 степени. Облачното нестабилно време се очекува да се задржи до идната среда. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани