Пештанци неосновано обвинуваат за градежни активности во авто кампот Градиште , ова го утврди вонредниот инспекциски надзор на НП Галичица, направен вчера.
Инспекцискиот надзор следеше по изнесените обвинувања од жители на Пештани дека во кампот нелегално се гради.

Ѓорѓи Танески, претседател на здружението, на денешната прес конференција потсети дека не се почитуваат решенијата за отстранување на нелегалните градби во строго заштитената зона на НП Галичица и за враќање на приватните имоти. Се обратиле до Министерството за транспорт и врски од каде добиле одговор дека се издвоени пари за рушење, а тие со години чекаат да се применат законите.
„Донесени се решенија и записници за рушење на објекти, пари се одобрени од Владата, но никој не презема никакви активности. Се обраќавме кај поранешниот градоначалник Геoргиески, а бараме и од сегашниот градоначалник Пецаков да пушти служби и да се реализираат решенијата“ – изјави Танески.
Од Јавната установа Национален парк Галичица Охрид вчера извршија вонреден увид на терен во АК Градиште, по изнесените наводи од страна на Здружението на граѓани Оревче од село Пештани. Од таму утврдија дека во авто кампот нема нелегални градежни активности.
„На 01.04.2022год Јавната установа Национален парк Галичица изврши вонреден увид на самото место и беше установено дека не станува збор за нови градежни активности. Имено, станува збор за активности за чистење на пречистителната станица и замена на дотраени цевки и материјали со нови, со што се овозможува непречено функционирање на истата. Исто така, утврдено е дека има и активности за чистење на отпад и вегетација во склоп на подготовките за претстојната туристича сезона. Увидот е извршен непречено и во присуство на управителот на Авто камп Градиште.“– информираат од Јавната установа Национален парк Галичица.
Дека нема градежни активности во авто капмпот со рекација поткрепена со фотографии се јавија и закупците од фирмата МКМ Нова Трејд.
Ја пренесуваме во целост:
Во врска со денес одржаната прес конференција од таканареченото Здружение на граѓани ,,Оревче ,,како и наводите и дезинформациите пласирани до Вас и до јавноста ,сакаме да го истакнеме следново.
„Нашата компанија МКМ Нова Трејд дооел ,стопанисува со кампот врз основа на уредно склучен договор за закуп со сопственикот на Автокампот А.Д ИНЕКС Горица ,Охрид.Фирмата работи согласно сите позитивни законски прописи , регулативи и одобренија ,дадени од надлежните институции на Р.С.Македонија.Сите законски обврски,кои што произлегуват од нашето работење,во смисла на исплата на плати,придонеси,даноци по сите основи што сме законски обврзани да ги платиме спрема институциите на државата ,се без исклучок навремено и во целост измирени.
На наведената локација од Автокампот, НЕ СЕ ОДВИВААТ НИКАКВИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ,дезинформација која што беше пласирана од преставниците на таканареченото здружение ,,Оревче,,.Ниту се носат бетони,железо или било какви други материјали,а на крај памет е изјавата дека во тек е изградба на објекти од цврста градба ???
НОТОРНА ЛАГА И НЕВИСТИНА е дадената изјава дека им е забранет влезот во Автокампот за надлежните органи за спроведување на редовни или вонредни контроли од нивниот делокруг на работење.Во тоа можете и самите да се уверите во бројните инспекциски надзори и контроли ,кои што перманетно се одвиваат во тек на годината.
Напротив,како општествено одговорна компанија,која што води грижа за зачувување на здрава животна средина,презедовме низа активности за подигање на нивото на квалитет на услуга на нашите клинети ,како и зафати за подобрување на енегретската ефикасност ,преку следниве тековни активности:
1.Во соработна со лиценцирана и овластена фирма,а врз основа на писмен склучен Договор, се изврши комплетно чистење на канализациониот систем и инсталираната пречистителна станица ,за подобрување на квалитетот на водата која што се третира.Напоменуваме дека и досега,истата е со висок квалитет,потврден низ повеќекратни извршени мерења од релевантни институции, (Центар за јавно здравје),за што поседуваме документација како и уредна дозвола и одобрен Елаборат за управување со животна средина издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.
2.Водејќи се од нарушените пазарни прилики и високиот раст на цените на енергенсите на светскиот пазар и иампликациите од истите врз нашето работење,во соработка со стручни лица од овластена Фирма,исто така врз основа на претходно склучен Договор,,превзедовме активности за поставување на сончеви колектори за греење на техничка вода за потребите на нашите клиенти.Тоа е наш придонес плус со преод кон користење на незагадувачки и одржлив извор на енергија.
Уште еднаш во целост ги демантираме и отфрламе како лаги и дезинформаци ,изјавите дадени на денешната прес конференција од страна на таканареченото здружение на граѓани ,,Оревче,,дека во Автокампот се изведуваат недозволени градежни или било какви други нелегални активности спротивни на законот.За истото можете и самите да се уверите,со увид на лице место ,во термин што взаемно би го усогласиле.
Воедно ,ги повикуваме сите поединци и субјекти,кои што на било каков начин полагаат право на сопственост на одредени локации во Автокампот,кој што според нивните изјави им бил одземен,своите права да ги реализираат низ институциите на системот и правната држава“.

