Во знак на поддршка на лицата со аутистичен спектар на нарушување, OOУ”Св.Климент Охридски” се обои во сино.
-Денес светот го одбележува 2 Април – Меѓународен ден за поддршка на лицата со аутизам. Да се даде поддршка, да се подобри квалитетот на животот на луѓето кои страдаат од аутизам, борбата против дискриминација, а со тоа и прифаќање на различитостите и целосно вклучување во општеството. Денес ги испраќаме пораките да ги разбереме, прифатиме и да создадеме поинклузивно општество, општество за сите. Дел од нас, дел од нив, да бидеме сите исти под ова сонце, пишуваат од ООУ „Св. Климент Охридски“.


