Дојде денот за одлука во кој вашиот глас ја има моќта да ги промени работите, рече на денешната прес конференција Лидија Петкоска кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

Има зошто да изберете обнова! – Затоа што ова е последна шанса за спас на нашата Македонија, оваа Македонија која ја создадоа нашите предци и ни го оставија аманетот да ја зачуваме.
Не сме сите исти! Во оваа земја постојат и вредни, чесни и честити луѓе!
Се обврзувам на многу работа, чесност и честитост затоа што знам дека успехот подразбира многу труд, откажувања и упорност, а подготвена сум за најдобрите резултати преку силна посветеност на сериозноста на ситуацијата и вашите пораки.
Потребна ни е силна влада која ќе ја исправи Македонија и ќе ја отпочне обновата!
Токму затоа, ве повикувам масовно да излезете на избори, за заедно да си ја исправиме и обновиме земјата, затоа што сите ние заслужуваме подобра иднина во силна, почитувана, непокорлива и достоинствена држава. Горда држава со сопствено јас!
На 15 јули донесете одлука за себе, за својата земја и за идните генерации! Време е да ја загарантираме иднината која ја посакуваме за нашите деца. Од вас зависи!
На 15 јули изберете го бројот 14 – за коренита обнова на Македонија во сите области и во корист на сите граѓани!, додде Петкоска.
