Оружјето и муницијата Г.М. ги криел во селото.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.М.(43) од село Оздолени, Дебарца, за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 11.12.2018 година, во село Оздолени, Дебарца, од полициски службеници при претрес во дом и други простории, сопственост на пријавениот, биле пронајдени и одземени пиштол ,,Zastavа М83/92” калибар 357 Magnum и 57 куршуми.
