„По стапките на дедо“ – изложба на стружанката Сара Матоска Јолеска

По стапките на дедо е мотото на изложбата на младата занаетчивка Сара Матоска, што виекднов се одржа во Струга. Таа ги претстави своите креации од филигран и филцана волна.

Целта на изложбата, според авторката, е да ги врати стружани во минатото кога застанувале во дуќанот на дедо и за да купат нешто, но и да си поразговараат.

Сара со своите вешти раце и мајсторство е чувар на традицијата, која ја збогатува вековната традиција на занаетите со нови современи креации.

„Оваа изложба ја правам по повод 101 година од раѓањето на дедо ми Горѓи познат струшки кувеџија, го  одбележувам неговото раѓање затоа што сметам дека човек е жив додека се споменува. Со неговите изработки ки ни ги остави остави да се спомнеува засекогаш, а со оваа изложба сакам да му оддадам чест кон  неговиот лик и дело, благодарност за се она што ми остави лично мене како занает и да ги вратам стружани малку од минатото“, вели Сара Матоска.

Сара од дете растела во работилницата на дедо и, заедно израбувале рачни изработки. Научила филигранство но подоцна одлучила да направи спој со волната.

„ Од филцаната волна многу лесно за мене можам да изработам фигури во форма на животни и одлучив да им се даде особена уникатност но и вредност со филигранските изработки и да ги декорирам со филигран. 0150 С филигран се занимавам од детствотозаедно со дедо ми ги поминав во неговиот дуќан. Овој момент одлучив јавно да прикажам немав санодоверба откако тој почина. Со филцана волна започнав од неодамна тоа е една нова техника, ја открив на интернет учев од курсеви на интернет и едноставно одлучив да ги спојам“, вели Матоска.

Занаетот на Сара денес и е хоби, вели потребна е поголема поддршка за младите занаетчии, за со занаетот да може да се заработува и живее.како што тоа било во минатото.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани