По трет пат во Охрид ќе се одржи Интернационалниот фестивал „Словенија во Охрид“.
Фестивалот во организација на Здружението за култура и уметност „Арт Вивенди-Охрид“ и Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија станува традиција, со која се одбележува и Денот на независноста на Словенија.
На фестивалот ќе учествуваат неколку фолклорни групи, дувачки и тамбурашки оркестри, хорови и мажоретки.
Свеченото отворање е вечерва на летната сцена Долни сарај, со почеток во 20:00 часот, а влезот е слободен.
Манифестацијата ќе трае и утре,( 25-ти јуни) на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ и на малиот плоштад кај ТЦ „Амам“, а почетокот е од 17:00 часот.
