По трет пат се чисти патот за охридско Велестово

Во изминатиов период во 3 наврати се изврши расчистување на патот кој води до село Велестово од расфлан комунален отпад, но повторно истата слика.

-„Расфрлан отпад од најлонски ќеси и хартија на сите свиоци каде што застануваат граѓани и туристи и покрај тоа што се поставени информативни табли за забрана на фрлање на отпад.
Денес повторно се расчистува истиот патен правец. Со оваа акција покрај расчисувањето сакаме да влијаеме на несовесните групи граѓани и поединци за подигнување на еколошката свест“, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Воедно, после успешно завршената акција за расчистување на магистралниот пат Охрид-Св.Наум, денес се пристапи кон расчистување на магистралниот пат Охрид-с.Подмоље. Акцијата започна во 5 часот при што се ангажирани 10 комунални работници.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани