Почина 25 годишна охриѓанка од грип

Дваесет и пет годишна девојка од Охрид  починала на КАРИЛ од компликации од грип.

Тоа  е втор смртен случај, откако претходно и 5 годишно девојче почина на клиниката за детски болести. И двете починати имале и други заболувања, велат лекарите.

„И двата случаи се со коморбидитет. За детето утврдивме дека имало астма а девојката на КАРИЛ што почина била со Даунов синдром. Починале поради тешко оштетување на белите дробови и црниот дроб“ – изјави за 24 вести  д-р Жарко Караџовски, епидемиолог во Институтот за јавно здравје.

За една недела над 1 700 лица биле заболени од грип, а во лаборатијата на ИЈЗ најмногу потврдени случаи има од АХ1Н1, односно свински грип.

Епидемиолозите очекуваат бројката и натаму да се зголемува, особено помеѓу школската популација, бидејќи колективниот престој овозоможува побрзо ширење на вирусите.Најмногу заболени се регистрирани во Гостивар, Тетово и Скопје. Епидемиолозите тврдат дека лекот Тамифлу кој се користи како терапија за зболените го има во дооволни количини.

Лекарите советуваат на поголемо внимание во поглед на превентивната заштита.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани